|


Акредитирани преку NCA CASI (North Central Association Commission on Accredetation and School Improvement)
Макотекс Комплекс, Никола Парапунов бб.
Карпош IV, 1000 Скопје, Македонија
Tel +389-2-3063-265. Fax: +389-2-3091-331
contact@asm.edu.mk
www.asm.edu.mk
Американското
Училиште Македонија се наоѓа во деловен парк недалеку од центарот
на Скопје, во мирен дел од градот. Од 1994, тоа е независна непрофитна
установа што нуди градинка, основно и средно образование. Основната
цел на Американското Училиште Македонија е да го поттикне интелектуалниот
и културниот развој на своите ученици, кои потекнуваат од земји
ширум светот.
Американското Училиште Македонија е акредитирано
уште од 1995 година од страна на NCA CASI (Комисија за Интернационална и Транс-Регионлна Акредитација)
и е член на Одборот на колеџи на САД.
Како образовна установа, активно ги поттикнуваме
своите ученици да му се предадат на учењето до крајниот степен на
својата способност. Се стремиме од нив да изградиме луѓе кои сиот
свој живот ќе сакаат да учат и кои ќе прераснат во образовани, одговорни
и продуктивни граѓани, кои ефективно ќе комуницираат и критички
ќе размислуваат. Само со широка палета вештини и со зрел став кон
учењето учениците може да станат подготвени за светот на утрешнината.
- Да им овозможи на учениците урамнотежена наставна
програма.
- Да им овозможи на учениците поттикнувачка средина
која одоговара на нивните образовни потреби, интереси и способности.
- Да ги унапреди академските успеси на учениците.
- Да им овозможи искуства во користењето технологија
во контекст на учењето.
- Да ги поттикнува учениците самите да си поставуваат
предизвици и да се преиспитуваат, како и да развијат сопствени
идеали и ставови.
Времето
што ќе го минат во Американското Училиште Македонија ќе биде плодно
искуство за сите странски студенти. Училиштето нуди извонредно образование
со настава што чини само дел од она што сличните установи го наплаќаат
каде било во Северна Америка и во Европа.
Нашите ученици имаат можност да:
- Посетуваат првокласна настава што се изведува
само на англиски јазик
- Учат во мали паралелки
- Ги подучуваат стручни и квалификувани наставници
- Добијат целосен пренос на кредитите во која
и да е образовна установа ширум светот
- Да ја доживеат богатата и разновидна култура
на Македонија
Кандидатите треба да приложат
- Пополнета пријава
- Претхотни свидетелства и преписи
- Пасош со кој се докажува дека
ученикот не е државјанин на Република Македонија (важи само за ученици
во основното образование)
| €220 месечно.
Градинката работи 12 месеци годишно. |
€3,850 годишно,
за учебна година која се состои од 180 работни дена. |
€3,300 годишно,
за учебна година која се состои од 180 работни дена. |
Учебниците без надомест им се даваат на заем
на учениците.
Нашиот кадар се состои од наставници на кои англискиот
им е мајчин јазик како и од домашни наставници кои течно го зборуваат
англискиот јазик. Целата настава се изведува на англиски јазик,
освен наставата по странски јазици.
Нашата наставна програма во „американски стил“
се состои од предметите aнаглиски јазик, математика, природни науки,
oпштествени науки, компјутерска наука, уметност, музичко образование,
физичко образование и странски јазици (компјутерската наука и странските
јазици им се достапни на петтоодделенците и на учениците од повисоките
одделенија). Нашата средношколска програма нуди голема низа разновидни
акредитирани предмети, а предметите што се нудат се менуваат од
година во година, согласно со потребите на нашите ученици.
Условите во врска со кредитите се засноваат врз системот што се применува
во државата Калифорнија. Предмет кој е посетуван еден цел семестар
вреди 5 кредити. Некои предмети се задолжителни и тие се набројани
подолу. За да се здобијат со диплома од АУМ, учениците мора да ги
имаат сите задолжителни кредити, плус најмалку 10 изборни кредити.
Не сите предмети се нудат секоја година, но сите задолжителни предмети
ќе се понудат во текот на еден четиригодишен период. Преносот на
кредити од легитимни, акредитирани училишта може да се признаат
за издавање на диплома од АУМ. АУМ го задржува правото да не го
признае преносот на кредити од други училишта, поконкретно, доколку
тие кредити не се во согласност со нашите пропишани услови за предметите.
Вкупно кредити потребни за диплома од АУМ: 220
(210 задолжителни кредити + 10 кредити од изборен
предмет)
Задолжителни кредити (210 задолжително)
| Англиски јазик 9 А+Б 10 |
Физика А+Б 10 |
| Англиски јазик 10 А+Б 10 |
Светска историја А+Б 10 |
| Американска книжевност 10 |
Историја на САД А+Б 10 |
| Англиска граматаика и пишување А+Б 10 |
Уредувањето на САД А+Б 10 |
| Алгебра 1 А+Б 10 |
Економијата на САД А+Б 10 |
| Алгебра 2 и тригонометрија А+Б 10 |
Физичко образование А+Б 10 |
| Геометрија А+Б 10 |
Физичко образование Ц+Д 10 |
| Здравје 5 |
Ликовна уметност А+Б 10 |
| Општа наука 5 |
Странски јазик А+Б 10 |
| Биологија А+Б 10 |
Странски јазик Ц+Д 10 |
| Хемија А+Б 10 |
Компјутерска наука А+Б 10 |
* Забелешка: Во сите четири семестри за предметот
,,Странски јазик“ мора да се изучува еден ист јазик.
Изборни кредити (задолжителни 10)
| SAT (Подготовка за приемни испити) 10 |
Новинарство 5 |
| Психологија А+Б 10 |
Говор 5 |
| Калкулус А+Б 10 |
Работа со тастатура 10 |
Во Американското Училиште Македонија сите ученици
се должни секојдневно да ја посетуваат наставата, oсовен во случај
на болест. Наставатa што се одржува секој ден се заснова на наставата
од претходниот ден, па оттука редовноста е мошне важна. Ако Вашето
дете не е на училиште секој ден, не ќе може да очекувате да постигне
успех во работата.
Важно
е уште во раната возраст да се воспостави навика за редовност.
Наставниците и родителите мора да соработуваат за да им помогнат на
децата да сфатат дека училиштето е важен дел од нивниот живот.
Очекуваме наставата во училиштето учениците да ја посетуваат секој
ден и на време да доаѓаат на часовите.
За секое отсуство мора да бидеме информирани пред
почетокот на училишниот ден, било по телефон, било со допис од страна
на родителот/старателот. За потребите на нашата евиденција, важно е
да ги наведете причините за отсуството. Ве молиме медицинските и
стоматолошките прегледи да ги закажувате пред или по наставата.
Доколку детето треба да се земе од училиште во
текот на наставниот ден, училишната служба мора да се информира
однапред. Ве молиме да дојдете во канцеларијата од каде што ќе може да го земете детето.
Родителските средби се одржуваат четири пати годишно.
Средбите се еден од најважните начини за создавање позитивна клима
за напредок на учениците. Исто така, препорачуваме родителите да
му се обратат на наставникот секогаш кога ќе имаат прашања во врска
со напредокот на детето или кога ќе се јават проблеми. Доколку Вашите прашања
останат неодговорени, ве молиме да му се обратите на директорот на училиштето.
Учениците
се здобиваат со физичко образование во блиската фискултурна сала.
Учениците учествуваат во игри и спортови, како и во активности за
физичко здравје. Затоа, потребна е соодветна облека (спортска облека
и патики). Секое дете е должно да учествува во активностите од физичкото
образвание.
АУМ се стреми за своите ученици да
организира разни вонучилишни активности. Активностите што се
нудат зависат од интересите на учениците и на родителите. До сега
сме организирале часови по танц, драма и музика, како и од доменот на
уметностите, занаетите и спортските активности.
АУМ за ручек ги користи услугите од установа која секојдневно приготвува домашна храна.
Се нудат оброци што се состојат од салата, супа, главен оброк
и овошје. Учениците може да одлучат дали ќе
се вклучат во програмата за ручек која ја нуди училиштето или ќе
си носат ручек од дома.
Доколку учениците сами си носат ручек од дома, препорачуваме здрава храна
преточена во урамнотежена исхрана. Слатките, храната со многу шеќер,
газираните пијалаци и другите прехранбени производи кои имаат многу
мала хранлива вредност не се препорачуваат. Ќе бидеме благодарни
ако родителите не им пакуваат газирани пијалоци на своите деца во
комплетите за ручек.
Изгубените предмети се предаваат на училишната
служба, која ги складира и чува додека не ги побара сопственикот.
Предметите чии сопственици нема да се јават до крајот на декември се даваат на добротворни агенции.
Децата може да го користат службениот телефон
на училиштето единствено во итни случаи со дозвола од наставникот
или од вработените во администрацијата. Носење на мобилни телефони во училиштето не се дозволува.
Веруваме дека ќе се согласите дека стандардите
и правилата наведени во oвaa брошура придонесуваат
Вашето дете да изгради лична и општествена одговорност. Училиштето
значи повеќе од читање, пишување, математика, општествени и природни
науки. Тоа често е првото место каде што децата почнуваат да ги
осознаваат сопствените потреби и желби, како и да ги разбираат и
почитуваат туѓите. Тоа е место каде децата почнуваат да го
чекаат својот ред, се соочуваат со прашањата на правичност и мирно
ги надминуваат разликите. Во Американското Училиште Македонија посветени
сме да обезбедиме безбедна средина која на учениците ќе им нуди
поткрепа и ќе им овозможи академски предизвик, средина во која учениците ќе може да учат и да се развиваат.
„Дисциплината е како држење мокар сапун.
Ако го стиснете пресилно, ќе ти одлета (т.е премногу рестриктивна).
Ако го држиш прелабаво, ќе ти се лизне низ рака (т.е. ако си премногу
попустлив). Ако го држиш цврсто, но благо, ќе и служи на целта за
која е измислен (учење на одговорно однесување). Наша колективна
цел е да има повеќе одговорни луѓе“ – Џин Бедли
- Укажете почит на сите ученици и возрасни.
- Користете зборови балгодарение на кои луѓето
ќе бидат задоволни со себе.
- Мирно надминувајте ги разликите.
- Грижете се за училишниот инвентар, за своите
и за туѓите предмети.
- Однесувајте се кон училиштето како што би се
однесувале кон својот дом.
- Не земајте работи што не се ваши и што не ви
дозволиле да ги земете.
- Не уништувајте работи што ви припаѓаат вам
или на други.
- Доколку згрешите, знајте дека наредниот
ден можете да бидете подобри.
- Секогаш бидете чесни дури и кога сте сториле
нешто погрешно. Само така ќе ја добиете довербата од околината.
- Кажете „не“ на другарот ако знаете дека поради
некој предлог ќе западнете во невоља. Смислете поинаква и подобра
идеја.
- Чекајте го својот ред. Некогаш ќе бидете први.
Некогаше ќе бидете последни, а некогаш ќе бидете во средината
на редот.
- Кажете им на луѓето што ви се допаѓа кај нив.
- Кажувајте често „благодарам“.
- Понудите ја својата помош.
- Трудете се постојано, дури и кога станува навистина
тешко.
- Поставувајте многу прашања.
- Најдете еден или двајца другари на кои можете
да им се јавите за да дознаете што сте испуштиле кога сте биле
отсутни.
- Секогаш кажете му на наставникот ако нешто
не ви е јасно. Тука сме за да ви помогнеме.
И не заборавајте да се насмевнете, да се смеете
и да уживате со другрите во Американското Училиште Македонија!
|