American School Macedonia home page   English Albanian
News
 
 
  Kindergarten

Kindergarten

 

Kindergarten students playing musicГрадинката во Американското Училиште Македонија се состои од предшколска и забавишна група, и работи 12 месеци во годината. Во неа Ви нудиме подготвителна настава со врвен квалитет, што се изведува целосно на англиски јазик

Со нашето ново работно време од 08.00 до 17.00 и со извонредно осмислената програма, успешно ќе го подготвиме Вашето дете за основно образование.

 

Нашата предшколска група вклучува деца на возраст од четири и пет години. Тоа е идеално време Вашето дете да започне со образовниот процес. Во неа со интрерактивни задачи се фокусираме кон развивање на моторните и менталните способности неопходни за следната наставна година.

Вашето дете ќе навлезе во почетоците на читањето преку разни вежби и активности. Тие се состојат во развивање на способноста за препознавање на букви и зборови и воедно се насочени кон збогатување на речникот. Особено внимание се посветува на логичното и креативно размислување. Притоа, Вашето дете ќе научи да поврзува идеи, да гради логички низи, развивајќи ја вештината за разбирање и паметење.

Нашите добро обучени кадри целосно се оспособени за работа со деца кои немаат никакво претходно познавање на англискиот јазик.

 

Group reading session in the kindergartenЗабавишната група вклучува деца на возраст од пет и шест години, проектирана како значајно и занимливо доживување за Вашето дете. Токму во неа детето се поттикнува и се охрабрува да учи во топла и безбедна средина. Нашите наставници се истакнуваат со извонредно успешна работа во текот на нивното десетгодишно искуство.

Во овој период, неопходно е поставување на цврста основа во изучувањето на англискиот јазик, математиката, природните и општествените науки.

Посебен акцент ставаме на изучувањето на англискиот јазик каде забележуваме високи резултати, притоа не забораваќи ја играта и забавата како составен дел од правилниот развој на секое дете

Оттука, ќе согледате дека градинката во Американското Училиште Македонија е благородно и пријатно место каде Вашето дете ќе го започне патот кој води до успешна иднина..

 

Школарина

Школарината во нашата градинка изнесува 200 евра месечно и се плаќа на први секој месец. Исто така, нудиме попуст од 10% доколку однапред се платат сите 12 месеци.

Доколку Вашето дете е присутно повеќе од половина месец, се плаќа целокупниот месечен износ.

 

Исхрана

На децата во училиштето им се нудат и појадок и ручек. Целосните менија ќе им се дадат на родителите при уписот. Цената за појадок и ручек изнесува 50 евра месечно и се плаќа на први секој месецj.

 

Макотекс Комплекс, Никола Парапунов бб.Карпош IV, 1000 Скопје, Македонија. Tel +389-2-3063-265. Fax: +389-2-3091-331. Email: contact@asm.edu.mk

НовостиИнфомации за училиштетоГрадинкаУчење од далечинаКалендарФормулар за уписПрва страна