|

Американското училиште Македонија со гордост ја
обелоденува својата нова програма за учење од далечина. Наменета
е за ученици кои не се во состојба да доаѓаат или да живеат во Скопје.
Нашите програми им овозможуваат на учениците да работат од дома,
при што редовно ќе ги доставуваат своите задачи и секој семестар
ќе полагаат завршен испит за одбран предмет
Програмите за учење од далечина се достапни за
сите одделенија во основното и во средното образование.
Нашите курсеви за учење од далечина нудат врвна
флексибилност и погодност. Со финансиски достапни курсеви во основното
и средното образование можете да се школувате со сопствено темпо,
во време што Ви одговара Вам, токму во удобноста на својот дом.
Иако работите самостојно, никогаш не сте далеку од стручни инструктори
кои Ви стојат на раполагање да Ви помогнат по електронска пошта
или по факс
Ако сте ученик во програмата за дописно школување
на Американското училиште Македонија, ниската школарина што ја плаќате
ги опфаќа:
- Сите учебници, прирачници и учебни помагала
наменети за дописно школување
- Широка лепеза услуги за учениците
- Список со работи што ќе се оценуваат во сите
одделни предмети, заедно со подробностите за роковите кога задачите
треба да се достават во училиштето
- Пристап до стручни инструктори преку електронска
пошта или преку факс
- Избор на интересни предмети, без ограничувања
за бројот на предметите што би сакале да ги изучувате
Методот на оценување се разликува од предмет до
предмет, но исклучително е важно сите задачи што се оценуваат да
ги исполните и да ги доставите до училиштето во утврдениот рок.
На учениците нема да им се дозволи да го полагаат завршниот испит
доколку тие претходно не ги исполниле сите задачи што се оценуваат.
Точните датуми на завршните, семестрални тестови
ќе му се достават на ученикот штом ќе го започне изучувањето на
предметот. Завршниот семестрален испит може да се полага само во
просториите на училиштето.
Контактот со наставниците ќе се остварува единствено
преку електронска пошта или по факс..
Доколку сакаат родителите, може да се организираат
приватни часови со наставниците во просториите на училиштето во
време што им одговара на наставниците и на дополнителен трошок на
родителите.
Цена за предмет, за семестар - €200
Зошто да одлагате, почнете денес!!!!
|